ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работни активности на Месната заедница Мојаци со поддршка од Општина Кочани

Месната заедница на село Мојанци, со поддршка на Општина Кочани, деновиве активно работеше на реконструкции неколку локации во с. Мојанци и расчистување и уредување на околината на селото. Меѓу останатите активности, започнати се реконструкции на детскиот парк и поставување стативи на отвореното спортско игралиште. Во периодот којшто следува се предвидува уредување на зелена тротоарска површина од Горни Подлог до Мојанци.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани започна со изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот во Кочани

Општина Кочани давајќи поддршка во однос на спроведувањето на програмските активности и јавните кампањи за подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, ја констатираше потребата од изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот на Кочани. За таа цел,  денеска во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа првата средба на работна група за изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот. На средбата учество зедоа сите локални чинители.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Завршено асфалтирање и бетонирање на неколку улици во Кочани

Завршена е реконструкцијата и асфалтирањето на дел од улиците „Партизанска“ и „Шукри Шаин“ во Кочани. Вкупната површина на новоасфалтираниот дел изнесува околу 1.500 метри квадратни. Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“. Бетониран е и крак на улицата „Пролетерски бригади“ во Кочани и „Крум Врнински“ во Оризари. Изведувач на работите на овие две улици е фирмата „Калина Дооел“.

Прочитај повеќе