ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нема врган, нема бизнис

Печуркарите во регионот сезонава останаа со речиси празни раце. Обично најраспространетиот Врган изминатата пролет и летово се појавија само на одредени места и во малки колични, поради што собирачите останаа со празни корпи и со минимална заработка. Добри познавачи на печуркарството велат дека во првиот период врганот освен што ретко се појавувал, брзо скапувал поради преголемата влага од честите врнежи, или го напаѓале црви. Нешто подобра е ситуацијата со поедини други видови печурки, како лисичарата, која ја има повеќе од вообичено, но сепак таа не ги исполнува очекувањата на собирачите…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Наместо риболовно задоволство – рибокрадство

Кој врши недозволен лов на риба во вештачките езера и во реките во регионот, за таа да стигне до пазарите и да се нуди на продажба по цена од 160 до 200 денари за килограм. И зошто доцнат концесиите кои државата треба да им ги додели на концесионерите, за тие да стопанисуваат со рибниот фонд. Ова се прашања кои си ги поставуваат спортските риболовци, но само во неофицијални разговори, бидејќи јавно никој не сака да си создава проблеми за работи за кои некои се платени, а не си ја вршат…

Прочитај повеќе