ОПШТИНА КОЧАНИ 

Конкурс за учество во Изборот на жетварска убавица 2023

 Општина Кочани распиша конкурс за избор на жетварска убавица во манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“. На  конкурсот  може да  се  пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 16 до 20 години. Општинската администрација ќе изврши претселекција на пријавените кандидатки. Поднесените апликации за избор на жетварска убавица ќе бидат објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани, а изборот ќе се одвива онлајн, односно со најмногу собрани допаѓања на апликацијата на кандидатката. Ќе бидат доделени три награди, односно за жетварска убавица, прва и втора придружничка со…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Повик за учество во Празнично дефиле за Денови на кочанскиот ориз 2023 

По повод одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ од 29 септември до 01 октомври, оваа година како дел од богатата програмска содржина ќе се организира и Празнично дефиле. За таа цел, Општина Кочани упатува ПОВИК до сите јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и сите останати заинтересирани да земат учество во дефилето и да се претстават пред домашната публика и гостите од странство, дефилирајќи низ кочанските улици со организирана програма, односно со тргнување од училишниот двор на ОУ „Никола Карев“ низ улицата „Маршал Тито“ до големиот мост…

Прочитај повеќе