ЕКОНОМИЈА 

Свечено пуштена во употреба бензинската станица на Лук Оил

Денеска покрај експресниот пат за Штип, во близина на Кочани, свечено беше пуштена во употреба новата и модерна бензинска станица на Лукоил, изградена и опремена според најсовремени стандарди. На осветувањето на бензинскиот комплекс и свеченото отворање, покрај голем број гости и деловни партнери, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, присуствуваше и неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. Ѓорѓи“. Бензинската станица всушност е современ комплекс изграден според корпоративниот стил на компанијата, која е препознатлива по висококвалитетните горива ЕКТО, познато по својата економичност…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожари беснеат кај Соколарци и во полињата под Плачковица

Опасни пожари во моментот беснеат во атарот на селото Соколарци, каде огнот и се заканува на фармата за марихуана, но и на неколку куќи на периферијата од селото, како и на пчеларници и друг земјоделски имот. Пожар беснее и од другата страна на реката Брегалница, каде огнот се шири во правец на планината Плачковица. Екипи на противпожарната служба од Кочани се на терен каде заедно со локалното население водат битка да ја стават под контрола огнената стихија, за да се спасат поголеми штети. Од ТППЕ велат дека пожарите најверојатно се…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Обележување на хоризонталната сигнализација

Општина Кочани континуирано ја реализира програмата за периодично одржување на јавните патишта и улици. Во тек е бележењето на хоризонталната сигнализација, работи кои се од општ јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено внимание, претпазливост, доследност и одговорност од сите учесници во сообраќајот. Вечерва продолжува бележење на улици во централното градско подрачје

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Градот уништи земјоделски култури

Невремето проследено со град, ветар, грмотевици и пороен дожд што во неделата, на 23 јули, зафати делови од општина Кочани предизвика штети на земјоделски насади во повеќе населени места.  Градоначалникот Љупчо Папазов денеска се сретна со земјоделски производители од Кочанско, кои известуваат за штети на површини под пипер, пченка и кај лозови насади.  По увидот на оштетени насади од страна на градоначалникот Папазов и на стручни служби, Општина Кочани упати известување до жителите кои имаат материјална штета, дека најдоцна до 9 август 2023 година можат да поднесат пријава за проценка на…

Прочитај повеќе