ОПШТИНА КОЧАНИ 

Трошат енормно вода, а не плаќаат ништо

Од 100 литри испумпана и испорачана вода до корисниците, „Водовод“ успева да фактурира, односно наплати, само 27 литри, а другите 73 литри се евидентираат, дел како технички загуби, а дел украдена вода со која неодговорни граѓани комотно си ги полеваат бавчите и си се ладат, бидејќи им е за џабе. Фрапантен е тој податок од дури 73 % нефактурирана вода од водоснабдителниот систем на Кочани, и недвосмислено зборува за неодговорниот однос на граѓаните, кои масовно крадат водата, бидејќи никој не ги гони. Одговорност сносат и дел од надлежните во КЈП…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ со уште две засилувања

Во пресрет на првенството во Втората лига, раководството на ГФК Осогово е во потрага по засилувања кои би требало да го подигнат квалитетот на екипата. Деновиве челниците на клубот успеаја да се договорат со искусниот голман Ѓоре Јовановски и дефанзивецот Борче Ужевски, кои веќе им се приклучија на жолто-сините. Покрај тоа во тек се преговори со уште тројца фудбалери кои би дошле во таборот на Осогово, но нивните ангажмани засега не се потврдени. Паралелно, екипата одржува засилени тренинзи со цел секој поединец подготвено да го пречека стартот на првенството од…

Прочитај повеќе