ОБРАЗОВАНИЕ 

Утре , отворен ден за идните средношколци

Во СОУ Љупчо Сантов утре ке се одржи отворен ден за идните средношколци на кој ке бидат презентирани начинот , условите и профилите кои ги нуди кочанската гимназија. На настанот е најавено и присуство на министерката за образование и наука Мила Царовска која ќе ги посети двете средни училишта во Кочани. Во СОУ Љупчо Сантов, покрај постоечките две струки, гимназиско образование и економски од наредната учебна година идните средношколци ќе имаат можност да се запишат и на профилите бизнис администратор и хемиско-лаборантски техничар кои се дел од новиот концепт на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Во понеделник започнуваат уписите на првооделенците во основните училишта

За наредната учебна 2021/22 година ќе се запишат 412 првачиња, според официјалниот список од МВР. Уписите започнуваат во понеделник а сите родители ќе добијат покана за терминот и денот кога да ги запишат децата. По пристигнувањето на официјалниот список, денеска во ОУ Раде Кратовче се одржа работен состанок на директорите на основните училишта и градоначалникот Николчо Илијев на кој главна тема беше уписот на првооделенците. Лилјана Арсова, советник за образование во Општина Кочани изјави дека радува податокот што оваа година има поголем број на првооделенци во споредба со претходната. Бидејки…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април  2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 4 мај 2021 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со клучот од сопругата украл 2.000 евра од маркетот во кој работела

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.04.2021 од маркет на ул.„Маршал Тито во Кочани, за кое осмоничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот. Осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари. Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот. Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

НЛБ Банка донираше девет компјутери за ученици во социјален ризик

Општина Кочани денеска ја прими донацијата од НЛБ Банка – девет компјутери,лаптопи со ранци, коишто ќе бидат наменети за ученици од кочанските училишта. На средбата со претставниците на раководниот тим на кочанската филијала на НЛБ, градоначалникот Николчо Илијев се заблагодари за поддршката во реализацијата на наставниот процес во услови на пандемија. Советот на Општина Кочани на идната седница ќе донесе одлука за распределување на компјутерите според потребите на учениците, во согласност со техничките карактеристики на донираните електронски уреди. Донацијата ево вредност од 268.380 денари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Субвенции за велосипед побарале 83 жители на Кочани

Осумдесет и три лица, жители на Кочани, поднеле барање за субвенционирање велосипеди по јавниот повик што минатиот месец го распиша Општина Кочани. Општинските служби што ја водат постапката известуваат дека од утре започнува увидот на купените велосипеди за кои граѓаните бараат субвенционирање. Барателите телефонски ќе бидат известени за начинот и времето на контролата. Потоа ќе биде изработено решение од Комисијата и на секој барател ќе му се надомести трошок во висина од по 3 илјади денари нето износ. Со јавниот повик што го објави Општина Кочани, барање за субвенција може…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Решавањето на инфраструктурните проблеми и интеграцијата на Ромите остануваат приоритет на Општина Кочани.

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите и 50-годишнината од прогласувањето на овој празник, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до сите припадници од ромската националност, посакувајќи им добро здравје, благосостојба и живот со почит и толеранција. Притоа Илијев потенцира дека Општина Кочани останува и понатаму да биде целосно посветена кон достигнувањето повисоки стандарди на планот на сите надлежности што ги има единицата на локалната самоуправа коиштосеодзначење и за Ромите и за општеството во целина. – Сите чекори што ги преземаме се во насока на интеграција…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Започна вакцинацијата за лица над 75 години во Кочани

Од денеска, како што беше најавено започна вакцинацијата на граѓаните на Кочани на возраст над 75 години. Граѓаните се вакцинираат со вакцина од производителот АстраЗенека . Од Општа болница со проширена дејност Кочани информираат дека дневно е планирано да се вакцинираат по 50 лица, но не соопштија колкав број на вакцини се пристигнати кај нас. Повозрасните граѓани кои што ги сретнавме таму, велат дека се чувствуваат безбедно и ја препорачуваат вакцината против КОВИД 19 , бидејки според нив тоа е единствениот спас за да се стави крај на ширењето на…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Рекордни 30 новозаразени во Кочани

Бројот на новозаразени со ковид 19 во Кочани секојдневно расте. За 24 часа се регистрирани 30 новозаболени лица и двајца починати. Институтот за јавно здравје регистрираше 12 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи позитивни на ковид 19 во Кочани е 269. Третиот бран на коронавирусот ги преполни и болниците . Во мододуларната ковид болница веќе неколку дена нема слободен кревет. Хоспитализирани се 34 пациенти од кои 80 проценти се на кислородна поддршка. Од Министерството за здравство информираат дека денешниот број на починати е рекорден, односно поради компликации од коронавирусот,…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

„Пејпер мил„ поставија нов вреќест филтер за прочистување на воздухот

–Пејпер Мил информира декае комплетирана последната фаза од поставувањето на вреќестиот филтер за прочистување на воздухот на фините честички прав во фабриката. Вреќестиот филтер всушност претставува гломазен контејнер од 8,50м должина, 3,50м височина и 2,50мширочина со над 130 таканаречени „ракави“. Филтерот се поставува со цел да ги прочисти и најситните честички прав, а со неговото поставување тројноќе се намали емисијата на ПМ честички, дури три пати под дозволеното ниво со А Интегрираната дозвола која ја поседува фабриката, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа емисиите во…

Прочитај повеќе