ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан договор за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во кочанското Ромско Маало

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска го потпиша договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во Кочани. Со оваа локална акција ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода, што ќе чини близу 5 милиони денари. „Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД, обезбедува 40 % од износот, Министерството за транспорт и врски, преку Декадата на Ромите – 1.174.000 денари, а остатокот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 34. седница 

На 12 септември Советот на Општина Кочани ја одржа 34. редовна седница, на која донесе одлука за доделување финансиска помош од 100.000 денари на Доброволното противпожарно друштво – Кочани за реализација на програмски активности на ДПД.  Со цел да одговори на организациските потреби, со 17 гласа ги усвои измените и дополнувањата во Правилникот за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, како и Планот за вработување на на Општина Кочани за 2024 година. Советот утврди листа на имиња на улици, мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти со имињата на борачот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Делегации положија свежо цвеќе по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата. По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани упати честитка кон граѓаните во која се вели: „Почитувани сограѓани, 7 и 8 Септември – ослободувањето на Кочани и независноста на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

По повод 79 години од ослободувањето на Кочани – доделени највисоките општински награди

Денеска, 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани. На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше свое обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период помеѓу двата празника, а беа доделени и највисоките општински награди за животно дело и наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани. Според одлуката на одборот за доделување награди на Општина Кочани, наградата за животно дело постхумно е доделена на Александар Сане Гицов, архитект кој остави значаен белег во Кочани со…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ДОНАЦИЈА НА ПЕТ МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО КОЧАНИ

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска потпиша договор со невладината организација „Заедно за промена“ од Скопје, за примање донација од пет мерни станици за следење на квалитетот на воздухот. „Заедно за промена“ донира пет сензори за индикативни мерења на пием 10 и пием 2,5 честички во амбиентниот воздух на територијата на општина Кочани, кои веќе се поставени на пет јавни објекти во Кочани: ОМУ „Ристо Јуруков“, СОУ „Гошо Викентиев“, СОУ „Љупчо Сантов“, на објектот „Сончогледи“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и на административната зграда на КЈП „Водовод“. Освен донацијата…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Малверзации на вработена во училиштето СОУ “Гошо Викентиев” се причина за контранапад врз градоначалникот на Кочани

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани дава целосна и безрезервна подршка на градоначалникот Љупчо Папазов и директорот Спирко Златков во политичката хајка која се води против нив од страна на инсталациите на Оливер Спасовски. Освен медиумска прашина не видовме никаква правна основа за наводните обвиненија. Затоа прашуваме и го повикуваме министерот Оливер Спасовски, дали внуката вработена во СОУ Гошо Викентиев заедно со сменетиот началник Александар Максимов и неговата сопруга а актуелна советничка, Ивана Максимова го штитат нејзиниот криминал и со ова се обидуваат да создадат уште еден дефокус на вистината?! Пред извесно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани со поддршка на Кампот за млади информатичари

Во „Еуро хотел Градче“ во Кочани започна Кампот за млади информатичари. Кампот, кој претставува шестдневна обука на јуниорските и на сениорските информатичари што ќе ја претставуваат Македонија на идните олимпијади и натпревари по информатика ширум светот, го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Тој го изрази задоволството што Општината и Советот даваат поддршка за едукација на најбистрите умови во државата. – Задоволството е големо кога можеме заеднички да ги поттикнеме учениците во освојувањето нови знаења и вештини и што во осумтемина млади информатичари е и Владимир Грчев од Кочани. Важни сте ни,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честитка од градоначалникот Љупчо Папазов по повод Илинден – Денот на Републиката 

Илинден е континуитетот на македонската историја, симболот на победата што ги  обединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944. Илинден е македонската државотворност во која се вградени непокорот и победата –  стремежот на револуционерите илинденци и асномското остварување на сонот за слободна македонска држава. Илинденските идеали нека ни бидат водилка за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни, независно од нивните разлики и уверувања. Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката! Нека ни е вечна Македонија! 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

По повод Петровден –  наградени најуспешните ученици од Кочани

Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани и за учениците што добиле награди на државните и на меѓународните акредитирани натпревари. Во своето обраќање градоначалникот им ги честита на учениците постигнатите резултати, пренесувајќи дека го почитува и го цени вложениот труд и залагањата да бидат најдобри и им се заблагодари за достојното претставување на Кочани во сферата на образованието. Првенците на генерација: Андреа Димитрова (ОУ „Никола Карев“), Ева Костадинова (ОУ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани останува регионален лидер според индексот на активна транспарентност на општините

Со 1,3 процентни поени зголемување на годишно ниво, Општина Кочани трета година по ред останува на врвот на ранг-листата за активна транспарентност во Источниот Регион. Според Индексот на активна транспарентност за 2023 година на Центарот за граѓански комуникации, со 97, 1 %, Општина Кочани  се задржа на шестото место во вкупното рангирање, во групата на најдобрите 10 институции со ‘многу добра’ активна транспарентност, кои ги исполнуваат обврските од 80 до 100 %. Подобрувањето на транспарентноста со 1,3 % во однос на 2022 година е значајно, ако се земе предвид податокот…

Прочитај повеќе