ОПШТИНА КОЧАНИ 

По повод Петровден –  наградени најуспешните ученици од Кочани

Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани и за учениците што добиле награди на државните и на меѓународните акредитирани натпревари. Во своето обраќање градоначалникот им ги честита на учениците постигнатите резултати, пренесувајќи дека го почитува и го цени вложениот труд и залагањата да бидат најдобри и им се заблагодари за достојното претставување на Кочани во сферата на образованието. Првенците на генерација: Андреа Димитрова (ОУ „Никола Карев“), Ева Костадинова (ОУ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани останува регионален лидер според индексот на активна транспарентност на општините

Со 1,3 процентни поени зголемување на годишно ниво, Општина Кочани трета година по ред останува на врвот на ранг-листата за активна транспарентност во Источниот Регион. Според Индексот на активна транспарентност за 2023 година на Центарот за граѓански комуникации, со 97, 1 %, Општина Кочани  се задржа на шестото место во вкупното рангирање, во групата на најдобрите 10 институции со ‘многу добра’ активна транспарентност, кои ги исполнуваат обврските од 80 до 100 %. Подобрувањето на транспарентноста со 1,3 % во однос на 2022 година е значајно, ако се земе предвид податокот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работни активности на Месната заедница Мојаци со поддршка од Општина Кочани

Месната заедница на село Мојанци, со поддршка на Општина Кочани, деновиве активно работеше на реконструкции неколку локации во с. Мојанци и расчистување и уредување на околината на селото. Меѓу останатите активности, започнати се реконструкции на детскиот парк и поставување стативи на отвореното спортско игралиште. Во периодот којшто следува се предвидува уредување на зелена тротоарска површина од Горни Подлог до Мојанци.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани започна со изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот во Кочани

Општина Кочани давајќи поддршка во однос на спроведувањето на програмските активности и јавните кампањи за подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, ја констатираше потребата од изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот на Кочани. За таа цел,  денеска во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа првата средба на работна група за изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот. На средбата учество зедоа сите локални чинители.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Завршено асфалтирање и бетонирање на неколку улици во Кочани

Завршена е реконструкцијата и асфалтирањето на дел од улиците „Партизанска“ и „Шукри Шаин“ во Кочани. Вкупната површина на новоасфалтираниот дел изнесува околу 1.500 метри квадратни. Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“. Бетониран е и крак на улицата „Пролетерски бригади“ во Кочани и „Крум Врнински“ во Оризари. Изведувач на работите на овие две улици е фирмата „Калина Дооел“.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишани договорите со лицата вклучени во програмата ОКР 2023/24

Денеска во просториите на општинската сала беше остварена средба со која беше означен почетокот на програмата Општинско корисна работа 2023/24 година. Вклучени се вклупно 15 лица на 13 позиции, односно негуватели на лица со попреченост, негуватели во градинка, посредници во Центар за донација и фасилитатор за јакнење на социјален дијалог, додека за образовен и личен асистент во средните училишта, огласот ќе биде распишан дополнително. Проектот финансиски е поддржан од страна на УНДП, а дел од средствата се исплаќаат од буџетот на Општина Кочани. Партнери во спроведување на проектот се АВРМ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2023

Со натпреварот меѓу екипите на „Шери казино“ и „Магни фициент“ што се одигра на теренот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започна овогодишното издание на  Петровденскиот турнир во мал фудбал.Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој во обраќањето пред учесниците и публиката ја истакна важноста на спортското активирање и негувањето на спортскиот дух кај граѓаните на Кочани. Повика натпреварите да се одиграат во пријателска и фер атмосфера и да победи најдобриот. Првиот натпревар заврши со убедлива победа на „Шери казино“ против „Магни фициент“ со резултат 10 :…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП Водовод : Саниран дефект и нормализирано водоснабдувањето

Ги информираме водокорисниците дека откако беше детектиран дефектот на главниот цевковод за висока зона дежурните екипи на КЈП “Водовод” – Кочани излегоа на терен и во најбрз можен рок го санираа настанатиот дефект.  Поради овој дефект, неколку часа без вода останаа следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење беа и населбите Бејрут, Калиманова глава и Варница. По санирањето на дефектот водоснабдувањето до крајните корисници е нормализирано и до истите во моментот непречено се испорачува вода.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Распишана јавната набавка за конзервација и реставрација на партерното уредување на Споменикот на слободата

Општина Кочани ја објави јавната набавка за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство. Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор за санација на оштетената бетонска подлога; демонтажа и замена на подните облоги од мермер и травертин; санација на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер, санирање на оштетените вертикални ѕидни површини и чистење и пескарење…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отстранет дефектот на главниот цевковод за висока зона

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои беа во прекин. Дефектите од ваков обем претставуваат сериозен и комплексен проблем кој бара време и ангажман на повеќе фактори за целосно санирање, па поради тоа им благодариме на корисниците за нивното трпение и разбирање.…

Прочитај повеќе