ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обновува бојата на оградите во Кочани

Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Инсталирани фотоволтаични централи на Пречистителната станица

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа.  Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови тротоари на Ул.„3-та Македонска бригада“

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во одвивањето на целокупниот сообраќај.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Наградени ученици на ОМУ „Р. Јуруков“

На 62. Државен натпревар по музика што се одржа на 25 и 26 април во Битола, учениците  од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, Бјанка Димов и Јован Цветанов, под менторство на наставникот Благој Николов во дисциплина теорија на музиката ги освоија највисоките награди – прво место – специјална награда и прва награда.          Макарија Иванова, ученичка во класата на Марија Лазарова, во дисциплината пијано  освои втора награда, а Јован Цветанов, под менторство на Душан Стојанов освои трета награда. Изминатиот период учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ учествуваа на Меѓународниот фестивал со…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2. мај Дајте музика во паркот

Во склоп на Велигденскиот хепенинг, на 2-ри мај Општина Кочани ќе организира целодневна програма и концерт за најмладите насловена ДАЈТЕ МУЗИКА во Градски парк во Кочани со почеток во 17:00 часот. Инаку, Велигденскиот хепенинг ќе трае од 2 до 8-ми мај, и ќе содржи богата музичка и забавна програма, со поставени продажни штандови.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се модернизира преминот на железничката пруга

Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани. На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим. По завршувањето на овој премин, градежните…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

За Давкова 8059 за Пендаровски 3884 гласови

Убедлив победник во првиот круг од претседателските избори во Општина Кочани е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, велат резултатите поместени на интернет апликацијата на ДИК. Конкретно, Гордана Силјановска-Давкова освоила 8059 гласа што е 52,59 отсто од вкупниот број избирачи, додека Стево Пендаровски 3.884 гласа, што е 25,35 отсто. Тоа претставува повеќе од двојна предност од 4.175 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Силјановска-Давкова, што е убедливо највисока победа на еден кандидат кога се во прашање претседателски избори. Трет е кандидатот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски кој освои…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Работилница „Безбедни училишта – развивање на доверба“

Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата„Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“, поддржан од Амбасадата на САД.  Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, чија специјалност е детската деликвенција.  Работилницата беше фокусирана на справувањето на заедницата со безбедноста и меѓуврсничкото насилство во училиштата, со цел да влијае на подигањето на свеста кај сите вклучени страни – и на креаторите и на политиките и на спроведувачите. Исто така се разгледуваше и Протоколот за постапување во училиштата, со ставови…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Најголеми Велигденски попусти во „РИВЕРСОФТ“ Кочани

Почувствувајте ја среќата на Велигденските празници. Бидете и вие дел големиот и единствен забавен шопинг во „РИВЕРСОФТ“- Кочани. Само од 15 април до 4 мај, пониски цени од сите, на најмоќните брендови кај нас. Одберете парче бела техника, телевизор, лаптоп, десктоп компјутер, компјутерска галантерија, инвертер клима, мобилен телефон, таблет, паметен часовник, мали кујнски апарати, велосипеди или мотори и добијте дополнителен екстра попуст на каса. „РИВЕРСОФТ“- Кочани нуди најпрофесионални решенија за вашите потреби. Купувајте со леснотија, „РИВЕРСОФТ“, е чекор напред со технологијата.

Прочитај повеќе