На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани.

Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ –Кочани.

Младинска банка Кочани, којашто е поддржана од ФРЛЗ – Штип, ќе одржи „Велигденска работилница“.

Со почеток од 17 ч., во Градскиот парк ќе настапат ѕвездите од „Дајте музика“.

При неповолни временски услови, можна е промена на термините на програмските содржини, за што јавноста навреме ќе биде известена

Сподели: