Инсталирани фотоволтаични централи на Пречистителната станица

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа. 

Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија. 

Вкупната вредност на проектот е  447.872 евра, а грантот е во износ од  223.936 евра,  односно 50 %  од вредноста на проектот. Останатата половина од средствата се кофинасирање од Општина Кочани. 

Производството на струја од фотоволтаичните централи ќе придонесе да се намалат сметките за вода на граѓаните на Кочани.

Сподели: