Нови тротоари на Ул.„3-та Македонска бригада“

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани.

Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во одвивањето на целокупниот сообраќај.

Сподели: