За Давкова 8059 за Пендаровски 3884 гласови

Убедлив победник во првиот круг од претседателските избори во Општина Кочани е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, велат резултатите поместени на интернет апликацијата на ДИК.

Конкретно, Гордана Силјановска-Давкова освоила 8059 гласа што е 52,59 отсто од вкупниот број избирачи, додека Стево Пендаровски 3.884 гласа, што е 25,35 отсто. Тоа претставува повеќе од двојна предност од 4.175 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Силјановска-Давкова, што е убедливо највисока победа на еден кандидат кога се во прашање претседателски избори.

Трет е кандидатот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски кој освои 2060 гласа или 13,44%, четврта Билјана Ванковска Цветковска од Левица со 656 гласа или 4,28%, Стевчо Јакимовски од ГРОМ освои 80 гласа, Бујар Османи од ДУИ – 32 гласа, и Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ со 15 гласа. Бројот на неважечки ливчиња е релативно мал и изнесува 537.

Од вкупно евидентирани 32.416 избирачи, во првиот круг од Претседателските избори во Општина Кочани гласале 15.323 гласачи.

Сподели: