КУЛТУРА 

На 2 јуни – промоција на делото „Седумте“ од Илина Арсова

В четврток, на 2 јуни, во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ ќе биде промовирано делото „Седумте“ од алпинистката, амбасадорка на родовата еднаквост во спортот, екологистка и ликовна уметница Илина Арсова. Настанот, кој го организираат Општина Кочани и Библиотеката „Искра“, има три содржини. Во 11 ч., во дворот на Библиотеката, претставници на кочанските планинарски друштва „Москито“ и „Осогово“ и на Извидничкиот одред „Ластовица“ ќе имаат средба со Илина Арсова на која ќе можат да разменат искуства и да разговараат за можностите и предизвиците  во планинарењето. Од 12 ч., во просториите на…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Летен караван на книгата во склоп на Драмскиот аматерски фестивал

59. издание на Драмскиот аматерски фестивал коeшто започна на 23.05.2022 и се одржува во Градскиот Парк пред широката кочанска публика, секојдневно се збогатува со најразлични содржини.На свеченото отворање по поздравниот говор на Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ и официјалното отворање кое го прогласи градоначалникот Љупчо Папазов, започнаа секојдневните прикажувања на драми кои се дел од овогодинешната програма на ДАФ. Во склоп на целокупната програма, денеска започнува Летен карван на книгата на МАИ, којшто ќе се одржи од 25 до 29 мај, секој ден од 10 до…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Утре започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фетивал во Кочани

Со прес конференција , закажана за утре 23 мај во Градскиот парк во Кочани,започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фестивал. По официјалната прес конференција итсиот ден во 20 часот фестивалот свечено ке биде отворен со претставата „Самоубиство во одбрана „ од Алтернативниот театар  „Отпишани„ од Скопје, а веднаш по претставата следува музичка програма со  Light show и DJ Pancho. Вториот ден од ДАФ  , вторник во 12 часот ке се одржи претставата за деца „Приказна за волшебната шума„ во изведба на театарот од Кавадарци, а во вечерниот термин е претставата…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАНА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ТОЈ И ТАА“

На 6 мај, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани премиерно беше прикажана театарската претстава „Тој и Таа“, подготвена од Театарската група „Годо“ од Кочани, по адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Влезени во кругот со непишани правила наречен систем, кој им го уништува емотивниот развој, тие стануваат режимски суштества.  Во претставата и мажот и жената се навраќаат и се потсетуваат на чувства потиснати…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

На 6 мај во МКЦ – премиера на театарската претстава „Тој и Таа“

В петок, на 6 мај, со почеток во 20 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде прикажана театарската претстава „Тој и Таа“. Претставата е во колективна режија, подготвена е од Театарската група ,,ГОДО“ од Кочани и е адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. Во неа настапуваат двајца актери – Зорица Митева и Владимир Игнатов. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Водени од некои непишани правила, влегуваат во…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Промовирана поетската збирка „Алфа и Омега“ од м-р Славица Урмова – Марковска

Денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска. Со оваа промоција се одбележа 21 март, Светскиот ден на поезијата. Се работи за дело во кое се поместени  повеќе циклуси песни, работени во период од 10 години. За оваа поетска збирка авторката има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја доделува доделува Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје.

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот на избор на претстави за 59-то издание

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание.Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели; На ДАФ – Кочани се прикажуваат…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ДАФ доби нов директор и средства

Две работи му се случија на Драмскиот аматерски фестивал деновиве, кои најавуваат посодржајна и поквалитетна организација. Првата е одобрените средства од Министерството на култура во износ од околу 370.000 денари. Втората е промената на извршниот директор на ДАФ. На местото на Дарко Спасов собранието ја избра актерката Кристина Атанасова Арсова. До промената дојде по поставувањето на Спасов за в.д. директор на Националната установа „Театар Комедија“, функција која бара голема посветеност и ангажман. Со доаѓањето на Атанасова Арсова на чело на ДАФ, и со финансиската поддршка од Министерството за култура, која…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Библиотека „Искра“ го одбележа 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 февруари, Денот на мајчиниот јазик, денеска во просториите на ЈОУБ „Искра“ се одржа стручно излагање на тема „Мајчин јазик – минато, сегашност и иднина“ од проф. Александар Димитров и литературно читање од ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. – Целта на ова одбележување е пред се да се промовира и негува мајчиниот јазик, но и да се промовираат, толерираат и учат останатите јазици во светот. Оваа година прославувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во нашата библиотека, на наше големо задоволство го реализираме во соработка со…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ФА „Љупчо Сантов“ со новогодишни концерти

ИГРАОРЦИТЕ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ВО ДЕНОВИТЕ НА ВИКЕНДОТ ИМ ЈА УПАТИЈА НАЈУБАВАТА ЧЕСТИТКА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОРИЗАРИ И ЗРНОВЦИ, ОДРЖУВАЈЌИ ГО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО УЧЕСТВО НА СИТЕ ГРУПИ. ОВОЈ НАЈАКТИВЕН АНСАМБЛ ВО ОПШТИНАТА САМО ВО 2021 ГОДИНА ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ НАД 30 НАСТАПИ НА МАНИФЕСТАЦИИ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО. Во два дена од викендот, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, во Зрновци и во Домот на културата во Оризари, традиционално по 20-ти пат го одржа традиционалниот Новогодишен концерт. Пред полната сала со публика од сите возрасти,…

Прочитај повеќе