Преподобната маченичка Анастасија Римјанка
Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавтите измами и да ги истрпи маките.…
Прочитај повеќе