Uncategorized 

Се обновува оштетената патна инфраструктура на Пониква

Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“. Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква. Градежните интервенции се извршени во должина од 150 м. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Граѓаните предлагаа проекти за креирање на буџетот на Општина Кочани за 2025 година

Деновиве, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година. На консултативната средба, граѓани, претставници на урбани и месни заедници и на институции говореа за потреби за реализација на инфраструктурни проекти: водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, јавно осветлување и предлози од други надлежности на единицата на локалната самоуправа определени со закон. Беа истакнати потребите од изградба на Старечки дом, ново решение за Градскиот пазар, изградба на јужен булевар, на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Рехабилитиран дел од улицата „АСНОМ“ во Кочани

Дел од улицата „АСНОМ“, во централното градско подрачје на Кочани, доби нов асфалтен слој. Стручните служби информираат дека е поправен потег којшто беше во лоша состојба, во должина од 64 м. Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани. Средствата во износ од 300.000 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Одржано Редовно Годишно Собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора

БИЗНИС БЕЗ ГРАНИЦИ побараа членките на Македонско-Бугарската Стопанска Комора на своеторедовно годишно Собрание одржано во Скопје. Постои голем интерес кај компаниите од дветеземји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу РепубликаСеверна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да ги обезбедатнашите држави има простор за уште поголем раст на инвестициите од компаниите членки нанашата комора и тоа треба да го ставиме во функција на развој на правните субјекти од дветедржави, смета Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора, Биљана Митева.Компаниите членки на комората даваат свој придонес…

Прочитај повеќе