Дербито в сабота: Ќе се „гине“ за секоја топка

Во сабота на градскиот стадион „Филип Втори“ во Виница, се игра комшиското дерби помеѓу „Слога 1934“ и „Осогово“, кое привлекува големо внимание меѓу љубителите на фудбалот. Прво, затоа што екипата на новиот второлигаш, предводена од шефот на стручниот штаб Крсте Крстев, есенва игра одлично и претставува најпријатното изненадување во првенството. Тоа го потврдува и петата позиција на табелата, со освоени 17 бода.

„Осогово“ како да е предодредено на нерешени натпревари, како на свој така и на гостински терен. Без победник, 1:1 заврши и дуелот помеѓу двата противника во првиот круг од првенството, кој се играше во Кочани. Со такви резултати кочанци освоија 13 бода и се пласирани на 8-мо место на табелата.

Но, без оглед на се, кога играат Слога и Осогово, се се брише и не важат никакви статистики, бидејќи инспирацијата е огромна, а желбата да се победи противникот поголема од се. Затоа такви дербија се очекуваат со нетрпение и со нагласена возбуда.

Сподели: