Селекторот Андов со нова победа со женската репрезентација

Женската фудбалска репрезентација на Македонија, под водство на селекторот Александар Андов, извојува значајна победа на гостувањето кај Молдавија со резултат 4:2 со што го забележа вториот триумф во квалификациите за ЕП 2025. Стратегот на нашиот национален тим постави ефективна тактика и го надмудри селекторот на домаќинките, што резултираше со надмоќна и ефикасна игра.

По ова коло, Словенија е првопласирана со максимални 12 бодови, Македонија е втора со освоени седум бода, третопласирана е Летонија со три, а еден има Молдавија.

Следниот мошне значаен натпревар избраничките на селекторот Александар Андов ќе го играат на домашен терен на 12 јули против селекцијата на Летонија и со евентуална победа ќе се зацврстат на втората позиција.

Сподели: