Кочанец „на свој начин“ се раскусурил со Охриѓанец

Дваесет и двегодишен кочанчанец во придружба на уште две лица, вчеравечер, отишол кај жител на Охрид, кој најверојатно му бил должник, па откако физички го нападнале му одзеле извесна сума на пари и други вредни предмети, за да си го наплатат долгот. Случајот е пријавен околу 23:30 часот во Секторот за Внатрешни работи во Охрид. Охриѓанецот со иницијали Г.Г.П. бил на возраст од 46 години.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Сподели: