Со 20 денари за кг арпа, други мерки ќе нема
За викендот заменик министерот за земјоделство Трајан Димовски во Штип соопшти дека цената на оризовата арпа во моментов е околу 20 денари, и дека доколку се спушти пониско ќе имало простор за разговор со оризопроизводителите. Притоа, нагласувајќи дека како ресорно Министерството се отворени и комуникацијата со оризопроизводителите е постојана.
Тој е против, како ќе стигнува производството, постојано да се бараат интервентни мерки затоа што цените варираат на пазарите. Димковски истакна дека проблемот со откупната цена на оризот се провлекува наназад десет години, а минатата година оризопроизводителите имале драстично зголемување на цената до 32 денари на оризовата арпа, што е нереално да се очекува и годинава, во ек на жетвата.
Особено заради тоа што во разговор со самите оризопроизводители уште пред две години е договорено петте денари, кои константно ги бараат, како дополнителна интервентна мерка, да се издвои оризот од сите полјоделски култури и тие пет денари ги вметнеме во хектар површина. Значи од 6.000 денари колку што беа претходно субвенциите, веќе последните две години се 18.000 денари, за оние коишто не користат семенски материјал, а за оние коишто користат од 12.000 се зголемени на 24.000 денари.