Есента врнежлива, температурите просечни
Есента, според синоптичарите, ќе ја карактеризираат вообичаено просечни температури, со чести врнежливи периоди. Дневните температури главно ќе се движат во интервали од 10 до 22, а ноќните од 0 до 13 степени Целзиусови, иако се можни и дополнителни нагли падови, како последица на нешто постудени бранови.
Инаку до крајот на есента не се најавуваат големи врнежи од дожд, особено не во првите месц-два. Поголеми количини дожд може да се очекува само во ноември, по што ќе следува заладување.