Европа ги казнува загадувачите

Дека членството во Европската Унија покрај привилегии, носи и обврски, кои доколку не се исполнуваат, се казнуваат зборува тужбата на Европската комисија против Бугарија, поднесена до Судот за правда, за неисполнување на нормите за квалитетот на воздухот. Тужбата уследила откако Бугарија целосно не ја имплементирала одлуката на Европскиот суд од 2017 година.

Тужбата може да доведе до изрекување парични казни за време од првата одлука на судот и за време од втората одлука, за да се обезбеди целосна усогласеност со барањата, соопштила ЕК. За да се спроведе одлуката, се очекувало бугарската страна да ги донесе и да ги спроведе мерките..

Во Бугарија има некои од најголемите надминувања на годишните и дневните гранични вредности за PM10 во ЕУ, што резултира со опасност по здравјето. Надминувањата на дневните гранични вредности се особено големи – тие се забележуваат во 90 дена преку годината, т.е. повеќе од 2,5 пати повеќе од дозволеното според правилата.

Ако е казнета Бугарија, тогаш што може да ја очекува Македонија со зачленувањето во ЕУ, во сферата на екологијата, може само да се претпостави, особено имајќи ги во предвид рекордните загадувања во Скопје, Тетово, Кочани и други градови во државата. Особено што мерките кои сега се преземаат за намалување на загадувањето се парцијални и краткорочни, без некоја осмислена стратегија. Едно е сигурно, тој процес ќе чини огромни средства, при што нема да бидат незасегнати ниту граѓаните.

Сподели: