„Осогово“ ефикасен против Росоман, „Слога 1934“ немоќна против „Брегалница“
Со ефикасното 16 коло од Втората лига Исток, спуштена е завесата на есенската полусезона. Досегашниот дел од првенството го карактеризираат главно очекувани резултати и пласмани, освен пријатното изненадување од Виница, кое долг период се држеше во првите четири-пет екипи. Осогово значитечно го поправи впечатокот во финишот, особено по победите против Победа и Росоман.
Штипска Брегалница очекувано ја запоседна лидерската позиција, пред Тиквеш, кој не го издржа притисокот и направи неколку неочекувани киксови, особено оној против Кит Го во Кавадарци.
Во последното есенско коло постигнати се следните резултати: „Росоман“ – „Осогово“ 1:7, „Слога 1934“ – „Брегалница“ 1:3, „Каменица Саса“ – „Кожуф“ 3:1, „Кит Го“ – „Плачковица“ 5:1 и „Победа“ – „Тиквеш“ 0:0