„Чешиново 2015“ без „муниција“ и против „Детонит Јуниор“
Во недела се одигра 10-тото коло од треата фудбалска лига Исток во кое „Чешиново“ е поразено од „Детонит Јуниор“ со 0:2, во натпревар во кој стрелците немаа свој ден и не ги искористија многубројните шанси за гол. Во Василево конечно успех на истоимениот клуб, кој ја победи „Тиверија“ со 5:2. Во Лозово „Работник“ претрпе убедлив пораз од „Хоризонт Турново“ со 0:3, а во Раклиш, домашниот „Раклиш“ иако имаше сигурно водство, до крајот на натпреварот „Овче Поле“ направи целосен пресврт и победи со 3:4. Екипата на „Спартмани“ беше немоќна против „Брегалница сениори“ и претрпе пораз од 0:3, а „Малеш“ во Берово спасуваше бод против „Карбинци“ за конечни 2:2.
По ова коло, делчевска „Брегалница сениори“ се издвои на табелата со 25 бода. Втор е „Детонит јуниор“ со 23, третопласиран е „Малеш“ со 22, „Овче Поле“ има 21 бод, „Хоризонт Турново“ 19, „Спартмани“ 16, „Чешиново падна на 7-та позиција со 14 бода, „Карбинци освои 10“, „Раклиш“ 8. „Тиверија“ 7, „Работник“ 4 и „Василево“ 3 бода.