„Ледер“ со единствена 20 годишна традиција
Компанијата Ледер останува единствена во Општина Кочани која негува традиција долга дваесет години за најзначајниот настан, кој со подеднаква љубопитност и нетрпение се очекува од сите жители на општината, доаѓањето на свет на првиот жител, првото новороденче. И денеска претставник на Компанијата и ги подари ЛЕД телевизорот и букет цвеќе, на среќната мајка Фатиме, односно на семејството Велиови, за првото машко бебе во 2021 година.
Инаку, првото новороденче на свет дојде утрото, нешто по 4 часот, со породување кое поминало во најдобар ред. Родено е здраво машко бебе со тежина од 3,3 килограми и должина од 51 сантиметар. А кога е прво па машко, тогаш очекувањата се годината да биде посигурна и по цврста, да биде успешна.