10.000 долари за ЖФК „Кочани“
Фудбалската федерација на Македонија ќе ги поткрепи сите женски фудбалски клубови, членови на Првата фудбалска лига, со по 10.000 долари.Тоа значи дека и ЖФК Кочани ќе добие толкав износ, што значително ќе ја подобри финансиската состојба во клубот, кој годинава е во незавидна ситуација, и кога е во прашање буџетот, и резултатите во првенството.
Одлуката ја донесе Управниот одбор и се однесува на сите 15-те клубови кои се дел од нашата прва женска сениорска лига за полесно да го пребродат овој период во време на криза поради пандемијата со Ковид-19.
Начинот на трошење на средствата кои ќе ги добијат клубовите ќе бидат предмет на преглед и проверка од независни ревизорски куќи. Претходно, Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири и трошоците за патувања на екипите од лигата во женска конкуренција, а исто така ги покрива и целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите од ЖМФЛ.
Сега, некогашното раководство на ЖФК Иднина С, од Оризари ќе рече, доцна се сети ФФМ да го помага женскиот фудбал, дури откако многу клубови беа препуштени сами на себе, и во меѓувреме се разочараа и расформираа.