Полициска вежба на „Пониква“ со детонации
Од 17.01 до 19.01. 2021 година текот на ден и во вечерните часови на локалитетот Пониква, од страна на елитни единици на Министерството за внатрешни работи на Р. С. Македонија се спроведува оперативно-тактичка вежба. Во извршувањето на поставените задачи, полициските единици ќе употребуваат експлозивни средства, при што ќе има силни детонации, а ќе бидад видливи и распрскувачки и светлосни детекции и ефекти.
Заради превентии мерки се известуваат граѓаните за оваа активност на полицијата со цел да не се предизвика паника и вознемиреност кај населението и посетителите на локалитетот, соопштуваат од ОВР Кочани..