Кочани, Пониква, Царев Врв …

Само 19 милиони евра ги делат општините кои гравитираат кон Осоговските Планини и преубавиот Царев Врв, како предодреден да прерасне во репрезентативен зимски туристички центар. Таквите средства не се невозможна мисија, ако се знае дека од туристичкото ефектуирање на половина година белите врвови ќе се офајдат Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Македонска Каменица, Кратово, но и другите општини во источниот дел на државата.

На последната средба на градоначалникот Николчо Илијев со новинарите, на Пониква, тој истакна дека сонува да го види Царев Врв како развиен ски центар со жичари, ски лифтови, хотели, по примерот на оние во Италија, Швајцарија …

Иако реализацијата на овој капитален проект од сегашен аспект, можеби е далечна желба, сепак Општина Кочани, оја е најзаинтересирана, можебо треба да загризе со пробивање и асфалтирање на патот до под Царев Врв во должина од 17-тина километри. Тогаш можеби државата побрзо ќе загризе за да најде средства и инвеститори за инсталирање дваесетина километри ски лифтови на 13 велелепни ски патеки, а понатаму и на хотели и се друго што му е потребно на еден модерен планински, или првенствено зимски туристички центар од висока класа. Кој зне, можеби токму таков проект ќе претставува најголем исчекот на кочанскиот регион кон Европа, кон која цела држава се стреми.

Сподели: