Короната однесе уште два живота од Кочани

Уште две жртви на Ковид 19 вирусот во Кочани се регистрирани денеска. Едната е на 62, а другата на 71 годишна возраст. Покрај тоа во последното деноноќие се евидентирани вкупно 19 новозаболени, при 13 излекувани.

Инаку, помеѓу граѓаните на Кочани се коментира дека изминатото утро за Србија заминале и жители од градот, заради вакцинација, кои успешно се вакцинирале и се вратиле во државата. Меѓу нив и семејства кои имаат роднини во Јужна Србија и во Белград. Тоа што се изложуваат на дополнителни трошоци никој не го коментира, бидејќи во прашање е здравјето, а тоа нема цена. Освен тоа, не веруваат повеќе никому, и преку глава им е да чекаат додека нивни познати, преку ноќ ги губат животите како сето тоа да е нешто нормално.

Проблем кој предизвикува се посериозна загриженост е и што корона вирусот се повеќе се шири меѓу младите, и тоа со тешка здравствена состојба.

Сподели: