Свадбата пекината, сватоштините приведени

Кочанската полиција прекинала свадбена свеченост во Кочани, поради непочитување и непостапување на присутните во склад со задравствените прописи.

Од МВР соопштуваат дека денеска околу 14.00 часот во ОВР Кочани било пријавено организирање на свадбена прослава на улицата „Шукри Шаин“, на која спротивно на ковид мерките, биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода биле лишени пет лица, а свадбената прослава била прекината.

-По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“, велат од МВР.

Сподели: