Нови клупи покрај кејот на Кочанска Река
Изведувачот ги почна работите покрај „Кејот на Револуцијата“, со поставување на бетонските подлоги за 22 клупи. Клупите се долги 2 метра и се комбинација од дрво и метал. На потегот од Градскиот плоштад до Пракот на Револуцијата ќе бидат поставени и исто толку канти за отпадоци.
Новите парковски клупи и дизајнираните канти ќе ја заменат постојната урбана опрема којашто е оштетена, а избраниот изведувач „Политехна“ ќе има задача на одредени локации да ги среди местата каде што ќе се постави опремата. Рокот за замена на урбаната опрема е два месеца.
Кон овие комунални проекти на Општина Кочани се надоврзува и планираното уредување и облагородување на урбаните површини од страна на Комуналното јавно пртпријатие „Водовод“, кое ќе обезбеди 40 нови клупи, 45 дрвени седалки, канти за отпадоци, како и природен камен, мермер и друг градежен материјал за изработка на алпиниуми и жардиниери на неколку локации во градот.