В сабота „Осогово“ – „Плачковица“, за Јаков

Отворањето на фудбалската сезона во Кочани, ГФК „Осогово“ му ја посвети на малиот Јаков. Утре во 17,30 часот, на стадионот „Никола Мантов“ ќе го одигра пријателскиот фудбалски натпревар против ФК „Плачковица“ од Радовиш, предводена од кочанскиот стратег Крсте Крстев. Фудбалерите на домашната и на гостинската екипа на теренот ќе го покажат најдоброто, бидејќи тренерите Андонов и Крстев ќе им дадат шанса на најдобрите и на оние кои претендираат за првиот состав. Ветуваат отворен фудбал со многу голови.

За утре и метеоролозите најавуваат нешто пониски температури и посвежо време, што е препорака за присуство на стадионот. Со средствата од влезниците, кои се по симболични цени од 50 денари, гледачите и клубот ќе ја потврдат својата хумана мисија за да му помогнат на малиот Јаков Јанакиев, кој успешно помина две операции и ја продолжува борбата за живот со понатамошно лекување во Турција.

На стадионот ќе бидат поставени и кутии за донации, а граѓаните имаат можност да донираат финансиски средства и со повик на 143-113 – Телеком, или 143-476 – А1, или на жиро-сметката на Стопанска Банка 20000 148 174 0176 – Елена Јанакиев

Сподели: