СДСМ прашува како се трошени парите во ГФК „Осогово“ ?

Почитувани,

Во недостиг на транспарентни и отчетни информации во врска со случувањата и функционирањето на гордоста на Кочани – ГФК Осогово, должни сме јавно да прашаме:

Дали спортот, спортските резултати и успеси со кои треба да продолжат да се гордеат и идните генерации се вистинскиот мотив во раководењето и функционирањето на фудбалскиот клуб?

ГФК Осогово е клуб со традиција, историја и резултати, со плејада на спортисти кои дале свој придонес децении наназад.

Секогаш, изборот на луѓе кои раководат со фудбалскиот клуб бил транспарентен, отчетен и најважно од сè – во спортски дух. Но, за жал, начинот на кој е преземен клубот од новото раководство е сосема поинаков.

Спортската јавност очекува и заслужува отчетност во однос на трошењето на финансиските средства, на кој начин се управува со парите кои се добиени по разни основи.

За потсетување, само од Општина Кочани оваа година се добиени 1 350 000 денари, од кои 450 000 денари минатиот месец. Со стратегијата на Владата, преку Агенцијата за млади и спорт, за ГФК Осогово е доделен ваучер во вредност од  1 700 000 денари.

Почитувани, ова се пари од граѓаните и тие имаат право да знаат како и за која намена се трошат истите!

Комисија за спорт

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: