Јавна благодарност од жители на Ул.„Царка Ѓорѓиева“ до градоначалникот
Жители на Оризари изразуваат јавна благодарност за градењето на улицата „Царка Горгиева. Ние, група граѓани, жители на Оризари, со живеалиште на улицата “Царка Горгиева” изразуваме јавна благодарност до градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев што ни овозможи по неколку децении да имаме асфалт покрај нашите куки. Ние сме среќни што вчера заврши асвалтирањето на нашата улица која се наоѓа во населбата Селиште. За тие кои не знаат, тоа е на височина која ни овозможува убав поглед кон населбата и градот, а веднаш до нас е природна средина која ни дава мир. Некои од нас овде живеат повеке од 35 години и само поради нерешените комунални проблеми дел од жителите си заминуваат во странство.Асфалтирањето на улицата„ Царка Горгиева „но и на претходно други две улици што се поврзуваат со неа посебно ни значи, затоа што со ваква работа градоначалникот покажа дека секој жител ми е важен, дека се грижи подеднакво за секого. Веднаш над улицата има плацеви и земјиште, кое се надеваме ќе стане привлечно за нови градби, затоа што секој сака да гради каде има добри услови за живеење. Се надеваме дека со вакви заложби Кочани, а со тоа и Оризари и сите други населени места ке бидат места каде ќе живеат задоволни жители.
Група жители од улицата “Царка Горгиева“ – Оризари.