Кандидатите ветуваат проекти, реалноста големи поскапувања

ВО ЧУДНИ И НЕЛОГИЧНИ УСЛОВИ СЕ ОДВИВА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ЗА ЛОКАНИТЕ ИЗБОРИ, БИДЕЈЌИ ДОДЕКА КАНДИДАТИТЕ ВЕТУВААТ ПРОЕКТИ, ВО РЕАЛНОСТА ЕКОНОМСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ НАЈАВУВААТ ЕНОРМНИ ПОСКАПУВАЊА НА ХРАНАТА, ЕНЕРГЕНСИТЕ, ШТО ЌЕ ФРЛИ ВО СИРОМАШТИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НАСЕЛЕНИЕТО. ЦЕНТРАЛИЗИРАНО РЕЖИРАН ХАОС ВО МЕДИУМСКИТЕ КАМПАЊИ, КАДЕ ЛЕТААТ МИЛИОНИ ЗА НЕЕФЕКТИВНИ РЕКЛАМИ ЗА ПОЕДИНИ ГОЛЕМИ, НАСПРОТИ ЗАБОРАВЕНИТЕ МАЛИ ОПШТИНИ.

Предизборната кампања на учесниците на локалните избори не им донесе никакво освежување или надеж на граѓаните за позначајно подобрување на состојбите во општините. Најавената позитивна реторика е со крајно ограничени ефекти, бидејќи се се сведува на познати фрази, завиткани во предлогот „ќе“.

Засега кандидатите за градоначалници на четирите општини ветуваат изградба на улици, мостови, тротоари, спортски објекти, комунална инфраструктура и главно се навраќаат што направила едната или другата власт. Додека тоа се случува, на државно ниво се најавуваат енормни поскапувања на храната, од опасни 50 %, кои ќе фрлат во сиромаштија голем број семејства, поскапувања на електричната енергија, бензините веќе поскапуваат, што се заедно ќе им ја загрози егзистенцијата на големи групи граѓани. Сето тоа е позагрижувачко од фалбите за пораст на пензиите, на платите, на стандардот на граѓаните. Но ако кризата има пошироки димензии, тогаш и стратегијата треба да оди во насока со рационализирање во сите сфери, за подготвено да се дочека нејзината кулминација.  

Дека во оваа држава се е превртено наопаку, зборуваат медиумските кампањи на кои партиите трошат огромни средства, ама крајно селективно и дури нелогично. Граѓаните ширум државата, на националните телевизии, се изнагледаа скапо платени спотови за кандидати за градоначалници на Скопје, скопските општини и поголемите градови. Како да цела Македонија ќе ги гласа. Наместо како локални избори, фокусот да се насочи на локално ниво, каде би се постигнал поголем ефект, со неспоредливо помалку пари.                                                                 Предизборни нелогичности   КАНДИДАТИТЕ ВЕТУВААТ ПРОЕКТИ, РЕАЛНОСТА ГОЛЕМИ ПОСКАПУВАЊА

Сподели: