Како Општината „дели“ информации?

Узурпацијата на иформациите на релација Општина Кочани – Канал 8 Телевизија, денеска наликуваше на ршомонијада, која предизвика комична ситуација во јавноста, што се манифестираше со дезинформациии и деманти. Временскиот тајминг на пласирање на информацијата, или демантот, од Сообраќајната инспекција, преку меил комуникација е пласирана во 15.57 минути. Меѓутоа На ТВ Кочани и е испратена дури во 18.31 часот, кога практично завршија вестите на Канал 8, на кои беше емитувана. Значи, Канал 8 ја добил најмалку еден час, а можеби два или три часа, порано.

Другите медиуми не добија демант, туку Известување од Општина Кочани за обновувањето на хоризонталната сигнализација во Кочани. Иако во Известувањето, меѓу другото, се вели: „Упатените негативни забелешки за погрешна хоризонтална сигнализација кај пешачките премини се крајно недоследни, нестручни и тенденциозни кон изведувачот и соодветните стручни служби“, што е чист демант и се однесуваат на конкретен медиум. Затоа прашањето; на кого се однесува, дали и на медиумите што го објавуваат …?

Прашањето е, која е целта да се прекрои демант во Известување и да им се лиферува и на другите медиуми. Ни криви ни должни. И што да прават тие со него, ако е испратено подоцна за два-три часа. Да трчаат по Канал 8, само заради семејните врски? Небулозно!

Но, за жал, тоа не е прв случај на селективно и термински дозирано лиферување на општинските информации, кои за едни медиуми стигнуваат по неколку часови порано во однос на други, со што се ставаат во привилегирана, односно подредена позиција. Сопствениците на порталите и на другите медиуми неофицијално коментираат, но јавно никој не го истакнува проблемот, заради „не замери се“. Проблемот е што сето тоа се практикува со години, а никој не презема ништо.

Сподели: