Транспортирале мртовец, доживеале сообраќајка

Денеска околу пладне, на обиколницата кај Кочани се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две моторни возила, едното со регистарски таблички од Делчево, а другото од Германија. Се работи за возила марка Форд и КИА, кои се судриле на магистралниот пат, при што со тешки телесни повреди се здобиле две лица, кои се пренесени во медицинските установи.

Актуелности .мк, дознава дека возилото со делчевски регистарски таблички всушност било сопственост на правно лице за погребални услуги, во кое се транспортирал ковчег со починато лице. По извршениот увид, ковчегот бил префрлен во друго возило, со што продолжил неговиот транспорт до одредиштето.

Во сударот е предизвикана поголема материјална штета. Увидна екипа извршила увид на местото на несреќата, по што ќе биде спроведена истрага за причините. Сообраќајот на оваа делница од обиколницата неколку часа беше во прекин, поради што возилата се пренасочуваа по споредни патишта.

Сподели: