Струјата ги „здрма“ компаниите

НЕПРЕДВИДЛИВИОТ И ЕНОРМЕН ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА СТРУЈАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ СИЛНО УДРИ И ПО СТОПАНСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО РЕГИОНОТ, КОИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ОГРОМНИ ТРОШОЦИ И ЗАГУБИ ПО ТОЈ ОСНОВ. НАЈДРАМАТИЧНО Е КАЈ КОМПАНИИТЕ КОИ КОРИСТАТ СТРУЈА ОД ПРИВАТНИ ДИСТРИБУТЕРИ, КАДЕ ЦЕНИТЕ СЕ ВО СЛОБОДЕН РАСТ. СЕ ОЧЕКУВА КОНКРЕТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ДРЖАВАТА ЗА ДА СЕ СПАСУВА ШТО МОЖЕ ДА СЕ СПАСИ.

Струјата го здрма и уште повеќе ќе го дрма стопанството, бидејќи цените на берзата на електричната енергија вртоглаво растат, а компаниите се притиснати до ситуација на прекунување на производниот процес, односно до затворање. Први на удар се фирмите кои имаат склучено договори со приватни дистрибутери на струјата, бидејќи и покрај услови и цени, во реалноста се случува нешто сосема подруго. Практично, договорените цени не важат, а цената се формира на база на берзанските движења, кои се повеќекратно повисоки.

Какви последици може да предизвика ценовниот потрес, допрва ќе се утврдува. Меѓутоа, тоа што е алармантно е дека повеќе успешни и големи фирми, со кои се гордееја општините во регионот, сега се доведени пред изборот, да трпат огромни загуби, или да ги затворат производствените капацитети. Што пак тоа ќе значи за локалните стопанства, излишно е да се коментира, бидејќи се значаен двигател на економијата. Плус, апсорбираат голема работна сила, која може да остане на улица. Стравувањата ги зголемуваат и случувањата во другите земји во опкружувањето, каде големи капацитети се ставени во мирување, за да не произведуваат односно да не работат со загуби.

Деновиве стигнуваат информации од повеќе стопански субјекти во општината дека сопствениците и раководните тимови прават анализи на сите можни резерви за штедење на струјата, за колку толку да се намалат трошоците по тој основ. Меѓутоа, реално малку може да се направи, бидејќи процесот на производство бара оптимална енергија.

Сподели: