Во најава бурна и неизвесна седница

Утрешната седница на Советот на општина Кочани се очекува да биде бурна и неизвесна, бидејќи покрај обемниот дневен ред, советниците од опозицијата и особено од позицијата ги очекуваат неколку мошне „жешки“ точки. Спротивставени дискусии се очекуваат околу согласноста за зголемување на цената на кубен метар термална вода за 10 %, како и планот за работа на КЈП Водовод“ за 2022 година. Особено поради спорното гласање на поедини советници.

Вообичаено Предлог буџетот за 2022 година ќе предизвика најголемо внимание и спротивставени дискусии. На советниците ќе им биде предочена и Информацијата во врска со најавите за прекин и раскинување на договори за снабдување со електрична енергија на објектите на локалната самоуправа, повеќе институции и јавни претпријатија.

Советниците, меѓу другото, ќе дискутираат и за Предлог-програмата за комуникации, која за медиумите за 2022 година предвидува „нула“ денари.

На дневен ред на петата седница на Советот, која со работа ќе започне во 10 часот, се поместени 28 точки.

Сподели: