Опозицијата не гласаше за 10% поскапа ГТВ

И ТОА СЕ СЛУЧИ, НА МНОЗИНСТВОТО МУ ФАЛЕШЕ ЕДЕН ГЛАС, А ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ГЛАСАШЕ ЗА КОНЦЕСИСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА КУБИК ГЕОТЕРМАЛНА ВОДА ЗА 10%, ШТО Е ДИРЕКТЕН УДАР ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА КЈП ВОДОВОД КОЈ СТОПАНИСУВА СО СИСТЕМОТ. ИНВОЛВИРАЊЕТО ВО ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА ВЕЛАТ ДЕКА ОД ПРЕМНОГУ ПОЛИТИКАНТСТВО СЕ ЗАГРОЗУВА ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО НА КОЧАНИ, ШТО ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКА И СЕВКУПНА КРИЗА Е НЕДОЗВОЛИВО.

Точката „Давање согласност на Одлуката за промена –зголемување на цената на м3 геотермална вода“ не го доби потребниот број на гласови за да биде усвоена на денешната седница на Советот на Општина Кочани. „За“ гласаа 9 советници од мнозинството, двајца се изјаснија како воздржани, а советниците од опозицијата не гласаа.

Проблемот е што членот на Советот од ЛДП и ДОМ, кој коалицира со мнозинството, нема право да гласа за одлуки поврзани со КЈП Водовод; бидејќи е вработен во јавното претпријатие.

Прашањето е зошто опозицијата предводена од СДСМ не гласаше за оваа точка, особено по образложението на директорот Иван Иванов, дека зголемувањето од 10 % е влегува како приход на претпријатието, туку оди директно на сметка на концесијата. Притоа споредувајќи дека цената на топлата вода ќе излезе поевтина од водата од градскит водовод, што е апсурд.

По оваа, како ја нарекуваат политичка лакрдија и голо политикантство, се наметнува уште едно прашање, дали некој ризикува да дојде до уништување на природното богатство кое го обдарило Кочани, или можеби некој друг сака на мала врата, да го земе под концесија.

Целокупниот проблем е дотолку посложен ако се знае дека во изминатите години нивото на термалната вода во бунарските системи е и до 70 метри под оптималното, што може да остави трајни последици.                                                                                                                                         

Сподели: