Нема логика !!!
И додека децата, односно учениците во училиште носат заштитни маски против Ковид 19, нивните родители и возрасни сограѓани,предновогодишно масовно се журкаат по кочанските ресторани, не почитувајќи ниту заштита, ниту мерки. Се некако тече според народната „Еднаш се живее …“, ама …!
Фрапантно е, во време кога Омикрон вирусот урива рекорди насекаде по Светот, колку кај нас граѓаните, посебно буџетарите, безгрижно и се препуштаат на забавата. Деновиве ресторанските сали се полни со колегијални седенки и прослави со музика. Се игра, се пее, се гушка и се посакува се најдобро во Новата Година. На Короната се заборава, како да се случува некаде далеку. Никој не прашува за ПЦР тестови, за документ за вакцинираност, никој не мери температура … Важна е забавата, важен е профитот…