ГФК „Осогово“ – ФК „Каменица Саса“ 0:1

Осогово ја отвори фудбалската сезона на стадионот „Никола Мантов“ за 2022 година, со првиот подготвителен натпревар против мошне силен противник каков што е Каменица Саса. По пријатно време за зимски услови, двете екипи прикажаа борбена игра со многу трчање, што е резултат на желбата на секој поединец да се наметне. Иако резутатот беше во втор план, сепак преку неколку осмислени акции можеше да се види дека не изостанува желбата за офанзивна игра со цел да се затресе противничката мража. На овој натпревар тоа им успеа само на гостите, кои уште во првото полувреме постигнаа еден гол, кој се покажа како доволен за конечна победа. Но за да нема поголема жестина во нападот, веројатно влијаеше и теренот, кој површински беше размрзнат и лизгав, а подповршински замрзнат, што го отежнува движењето и комбинаторната игра.

Инаку, шефовите на стручните штабови на двете екипи испробаа повеќе фудбалери на позициите во тимот, што во понатамошните подготовки ќе биде значајно за оформувањето на костурот на екипата, кој треба да понесе најголем дел од товарот на првенството.

Втора лига – подготовки

КАМЕНИЦА САСА ГО ПОБЕДИ ОСОГОВО СО 1:0, НА ПРВИОТ ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР

Сподели: