Протест пред „Пејпар Мил: Рокот е 30 дена

Во услови на пасивна состојба на фабриката и на фабричкиот оџак, активистите на Иницијативата за чист воздух во Кочани организираше протест со блокирање на една лента од Булеварот Тодосија Паунов и пред влезната капија на Пејпар Мил, на кој се собраа неколку стотини граѓани.

Своите три суштински барања тие ги условија со 30 дневен рок, во кој  Министерството за животна средина во содејство со Државниот инспекторат за животна средина да ја ревидираат А еколошката дозвола издадена на фабриката. Потоа конечно да се инсталира станицата за пречистување на отпадни води, која повеќе од две години е во најава, иако е основ за добивање на лиценца од А категорија. Третото барање е Локалната самоуправа на Кочани да постави инструменти за мерење на загадувањето на воздухот во близина на фабриката. До колку во определениот рок барањата не бидат исполнети, протестите ќе се радикализираат.

Покрај тоа граѓаните побараа при ревидирање на еколошката дозвола, испуштањето на димни честички да се ограничи на 50 м.г. на метар кубен, во согласност со Законот, наместо сегашните 150 м.г. кои се во дозволата на „Пејпар Мил“. Побарано е фабриката во работењето да користи метан, наместо пелети.

Претставници на Иницијативата за чист воздух ги повикаа градоначалникот, советниците и пратениците од Кочани да и дадат поддршка на граѓанската иницијатива но и да дадат конкретен придонес во решавање на проблемот со „Пејпар Мил“ и со другите загадувачи.

Сподели: