Ништо од гламурозниот пешачки мост кај киното!?

Помпезно најавуваниот гламурозен проект од милион евра за уредување на паркот кај ЦК Бели Мугри, во еден сегмент полека издишна. Откако ќе заврши поплочувањето на над 5000 м2 површина со гранитни плочки, гламурот ќе заврши. Проектираниот стилски пешачки мост на Кочанска Река, непосредно под постоечкиот сообраќаен – нема да се гради. Бил излишен. Џабе фрлени пари. Прашањето е зошто тогаш се проектираше? Тоа што е откажан од претходното општинско раководство, а не од актуелното, не менува многу.

Но, овој мегаломански проект, сега сведен на околу 700.000 евра, и ваков предизвикува различни реакции во јавноста. Од не многу битното изместување на бистите, до мошне битното поплочување, односно „крадење“ на зеленилото, … А ред е да се сочека летото, кога гранитот ќе се вжешти на плус 40, за да се доаргументираат коментарите на граѓаните. Колку скапото и убавото за око е и практично и рационално.

Сподели: