„Осогово“ во Каменица, „Слога 1934“ дома

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 21-ТО КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК, КОЕ СЕ ИГРА В САБОТА, Е ПРАШАЊЕТО КОЕ СИ ГО ПОСТАВУВААТ ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА, БИДЕЈЌИ СЕ ИГРААТ НАТПРЕВАРИ КОИ ОДЛУЧУВААТ ЗА ВРВОТ И ЗА ДНОТО НА ТАБЕЛАТА. ОСОГОВО ИМА ТЕШКО ГОСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, А СЛОГА 1934 ГО ПРЕЧЕКУВА ДЕТОНИТ.

В сабота се играат натпреварите од Втората лига исток, во рамки на 21 коло. Осогово гостува во Македонска Каменица, каде го пречекува четвртата екипа на табелата Каменица Саса, која пролетва игра промензливо и не така сигурно како есеноста. Поразот од Братство на домашен терен на каменичани изненади многумина, што предизвика промена во стручниот штаб, со која беше ангажиран Крсте Крстев. На каменичани бодовите не им се императив, што не може да се каже и за Осогово, кое со евентуални три бода, може поприлично да ја осигура второлигашката иднина.

Интересно ќе биде и во Виница, каде лидерот Слога 1934 го пречекува Детонит, кој грчевито се бори за опстанок. Особено по киксот на виничани во Гевгелија, каде минимално беа поразени од Кожуф. Но уште поинтересно ќе биде во Пехчево каде домаќинот го пречекува токму тимот на Кожуф, како дерби на две екипи кои бараат спас од испаѓање во понизок ранг.

Еве ги двојките ФК ПЕХЧЕВО (ФК КИТ ГО-ПЕХЧЕВО) – ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА, ФК СЛОГА 1934 – ФК ДЕТОНИТ ЈУНИОР, ФК ПОБЕДА – ФК БРАТСТВО 07, ФК БЕЛАСИЦА – ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018 – ФК  и КАМЕНИЦА САСА – ГФК ОСОГОВО. Натпреварите започнуваат во 15 часот.

Сподели: