Струјата „ги дрма“ општините

ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО И ХАРТИЈА И КАФЕ СЕ НОСИ ОД ДОМА, БИДЕЈЌИ ОПШТИНАТА Е ФИНАНСИСКИ ТОЛКУ ЗАГЛАВЕНА ШТО Е ДОВЕДЕНО ВО ПРАШАЊЕ ОСНОВНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ. ПОДДРШКА ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ НЕМА, А ТУЖБИ СТИГНУВААТ ОД СИТЕ СТРАНИ ЗА ДОЛГОВИ И КАМАТИ, ПЛУС ЕНОРМНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА.

Само по основ на сметките за потрошена и фактурирана електрична енергија за последните три месеци, Општина Чешиново-Облешево од сопствената сметка треба да издвои околу 2.000.000 денари. Овие средства општината ниту ги има, ниту може да ги обезбеди од некој извор. Единствена надежна опција е продажба на поголема површина на земјиште за инсталирање на фотоволтаици во атарот на општината, иако и тоа решение е еднократно. Истовремено, изостанува поддршката од централната власт која нема слух за реалните проблеми на локално ниво.

Градоначалниците во регионот, како и во Чешиново-Облешево, иако самите ги скратија сите тековни трошоци, кои практично се сведени на егзистенцијален минимум, неодамна добиле нови инструкции за дополнително штедење и рационализација на трошоците. Беспарицата и таквата ситуација ги принудила дури и харија за принтање да купуваат од сопствен џеб, а од кафето, сокови и водата да се откажат како од непотребен луксуз.

Целокупната ситуација дополнително ја комплицираат многубројни тужби од страна на изведувачи на градежни работи и други зафати по основ на тендери, кои поради разни причини останале неисплатени, оптоварени со судски трошоци, камати и други издатоци.

Сподели: