Станува густо и за третиот патник

НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ГО КАРАКТЕРИЗИРААТ 23-ТО КОЛО ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК, НО ПОМЕЃУ ЕКИПИТЕ КОИ СЕ БОРАТ ЗА ОПСТАНОК, БИДЕЈЌИ ВОДЕЧКИТЕ ПРОКНИЖИЈА СИГУРНИ ПОБЕДИ. ОСОГОВО СО МИНИМАЛЕН НО ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОРАЗ. РАДОВИШАНИ ГИ ШОКИРАА ПЕХЧЕВЦИ.

23-то го донесе најнеповолниот епилог за екипата на Осогово, кое по ова коло е во уште потешка ситуација околу обезбедувањето на второлигашкиот статус. Ако минималниот пораз со 2:1 од Победа во Прилеп може да се прифати и како очекуван, победата на Детонит во Пехчево сигурно е ретка сензација, која додатно ја комплицира ситуацијата околу борбата за опстанок. Навидум недостижните шест бода на жолто-сините пред радовишани сега се сведени на само три, кои можат да бидат анулирани во само едно коло. ПОради тоа неизвесноста кулминира и допрва ќе се случуваат неверојатни резултати и пресврти.

Резултати: „Победа“ – „Осогово“ 2:1, „Слога 1934“ – „Тим Локомотива“ 8:0, „Беласица“ – „Каменица Саса“ 2:0, „Пехчево“ – „Детонит Јуниор“ 0:1, и „Кожуф“ – „Братство“ 0:0.

По ова коло „Осогово“ остана на 7-та позиција, со 27 бода, три повеќе од Детонит со 24 бода. Дури и гол разликата им е приближно изедначена со минус 10, односно 11 гола. Не се мирни ниту Пехчево, кое остана на 6-та позиција, ни Кожуф, кој е петти со 28 бода.  

Сподели: