Кочански „росонери“ во Милано за титулата
Дека фудбалот е најважна споредна работа на Светот уште еднаш потврдија кочанските фанови на еден од најдобрите клубови во Светот, италијанскиот Милан, кои на 2. И 3. мај пропатуваа над 1500, односно 3.000 километри, за да го поддржат својот миленик на патот кон шампионската титула. Во градот на модата го развеаја знамето со црвено-црните бои на популарните Росонери и го привлекоа вниманието на италијанската публика, но и на социјалните медиуми, кои на трибините на „Сан Сиро“, преку фото објективот, ја пронајдоа кочанската група.
Фан клубот од Кочани брои триесетина членови, кои се организираат пред секој натпревар на ФЦ „Милан“, заеднички навиваат и ги прославуваат успесите на својот омилен клуб. Опремени се со транспаренти, дресови и знамиња на клубот, и каде и да се појават, создаваат вистинска спортска атмосфера.