Поддржани барањата на Медиум Објектив
РЕГУЛАТОРНОТО ТЕЛО АВМУ ПОЗИТИВНО СЕ ИЗЈАСНИ ЗА БАРАЊАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО МЕДИУМ ОБЈЕКТИВ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПОЛОВИНАТА ОД ГОДИШНИОТ ИЗНОС ЗА РАДИОДИФУЗНА ДОЗВОЛА И ЗА БАРАЊЕТО ФОРМИРАЊЕ ФОНД ЗА МЕДИУМИ ЗА ЗБОГАТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИТЕ СОДРЖИНИ И ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на вчерашната седница донесе заклучок со кој ги поддржува барањата на регионалните и локалните ТВ станици, организирани во Здружението Медиум објектив, Владата да со средства од буџетот да ги покрие преостанатите 50 проценти од надоместот за медиумско работење за 2022 година. Членовите на Советот на АВМУ истакнаа дека регулаторното тело претходно, самоиницијативно ги ослободиле медиумите од 50% од годишниот надомест од сопствени средства, што е максимумот во актуелната ситуација.
Воедно, на денешната седница на Советот на АВМУ донесе и заклучок за започнување со јавна дебата во врска со барањето за формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини и истражувачки приказни од регионална и локална тематика заради развој на програмска понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството. Поедини членови на Советот се прашуваа заошто и до сега не е формиран таков фонд, поради што се дозволило голем број локални и регионални радија и телевизии да згаснат, а граѓаните во локалните средини да останат без информирање.
По поддршката од АВМУ, сега на потег е Владата, која треба да дејствува брзо и конкретно, за да ги деблокира развојните процеси во медиумите, кои заглавија со донесувањето на членот 102 од Законот за АВМУ.