„Осогово“ испадна, „Слога 1934“ не успеа …
Со одигрување на 27-то коло, заврши првенството во Втората фудбалска лига Исток. Најголема причина да слави има екипата на Победа од Прилеп, која од есен ќе се натпреварува во Првата фудбалска лига, а да жалат можат „Осогово“ кое испадна од второлигашката конкуренција, и Слога 1934, која за само три кола го изгуби тоа што упорно го градеше во текот на целото првенство.
Осогово оствари пирова победа во Житоше, каде со 4:2 беше подобар од отпишаното Братство. А Слога демотивирана поради разврската дозволи минимален пораз од 2:1 од новиот шампион.
Еве ги резултатите од 27-то коло: „Братство“ – „Осогово“ 2:4, „Слога 1934“ – „Победа“ 1:2, „Детонит јуниор“ – „Каменица Саса“ 2;1, „Пехчево“ – „Локомотива“ 3:0 и „Кожуф“ – „Беласица“ 1:3
На крајот на првенството „Победа“ е прва со 62 бода, пред „Беласица“ со 59, „Слога 1934“ 55, „Каменица Саса„ 45, „Кожуф“ 37, „Пехчево“ 34, „Детонит јуниор“ 34, „Осогово“ 31, „Братство“ 15, и „Локомотива“ 7 бода.